Куркумата одамна е позната како состојка во исхраната, но во последните години сè почесто се среќава и во производите за нега на кожата. Интересот за нејзината примена на лицето се должи на антиоксидативното и потенцијалното противвоспалително дејство. Затоа се вклучува во формули за дополнителна нега, поизедначен тен и посјаен изглед на кожата. Меѓу нив се издвојуваат комбинациите со ниацинамид и којична киселина, наменети за кожа со видливи пигментациски дамки.

Какви придобивки може да има куркумата за кожата?
Куркумата содржи куркуминоиди, од кои најпознат е куркуминот — соединение со изразени антиоксидативни и противвоспалителни својства. Токму поради него таа добива сè поголемо место во негата на кожата. Помага во заштитата од оксидативен стрес предизвикан од надворешни влијанија, како загадувањето и УВ-зрачењето. Позната е и по смирувачкото дејство, што ја прави интересна за нега на кожа склона кон црвенило и иритации. Нејзиниот екстракт се користи во различни производи, од хидратантни кремови до серуми и пилинзи за лице.
Уште една причина за интересот на козметичката индустрија е нејзиното влијание врз невоедначениот тен. Одредени истражувања покажуваат дека куркуминот влијае врз процесите на создавање меланин, пигментот што ја одредува бојата на кожата. Поради тоа се додава во формули за кожа со темни дамки и траги од мозолчиња. Неговите антиоксидативни својства се значајни и во негата насочена кон зачувување свеж и сјаен изглед.

Куркумата во формулите за нега на лицето
Крем за лице Round Lab Soybean
Овој хранлив крем содржи екстракт од куркума, кој придонесува за антиоксидативната нега и за смирување на кожата. Формулата е наменета за сува и чувствителна кожа, а содржи и екстракт од црна соја и церамиди. Овие состојки ја надополнуваат негата кога на кожата ѝ се потребни хидратација, заштита и враќање на природниот сјај.

Серум за лице Medicube Kojic Acid Turmeric Niacinamide
Овој серум е наменет за нега на кожа со дамки и невоедначен тен. Куркумата, позната по смирувачките и антиоксидативните својства, е комбинирана со којична киселина и ниацинамид, кои придонесуваат за поизедначен тен и намалување на видливоста на темните дамки. Формулата содржи и ситни капсули, поради кои нејзиниот изглед се разликува од вообичаените текстури на серумите.

Крем за лице Pyunkang Yul Intensive Repair
Куркумата е меѓу растителните екстракти во овој крем, наменет за кожа на која ѝ се потребни смирување и обновување. Со своите противвоспалителни својства ја надополнува негата на кожа склона кон црвенило и иритации, додека останатите состојки обезбедуваат хидратација и поддршка на кожната бариера. Формулата содржи церамиди, шеа-путер и пептиди и е наменета за сува, дехидрирана и зрела кожа.

Перничиња натопени со тоник Medicube Kojic Acid Turmeric
Овие перничиња се наменети за кожа со невоедначен тен, видливи дамки и проширени пори. Нивната формула комбинира куркума, којична и гликолна киселина. Којичната киселина помага да се намали видливоста на темните дамки, а гликолната ги отстранува наталожените мртви клетки и придонесува за помазна текстура на кожата. Екстрактот од куркума ја надополнува формулата со своето смирувачко дејство.
Извор: Lepota i Zdravlje