
Гранд тефт ауто VI пристигнува за неколку дена, а обожавателите веќе ги одбројуваат часовите до почетокот на играњето.
Долгоочекуваната нова игра на „Рокстар гејмс“ официјално излегува во четврток, на 19 ноември, повеќе од 13 години по објавувањето на Гранд тефт ауто V.
Новото продолжение ги враќа играчите во Вајс Сити. Приказната ги следи главните ликови Џејсон Дувал и Лусија Каминос, кои се вплеткуваат во криминален заговор низ измислената сојузна држава Леонида.
Пред објавувањето, многумина се прашуваат во колку часот точно ќе можат да почнат да играат. „Рокстар“ го потврди терминот за двете конзоли — Плејстејшн 5 и Иксбокс серија X|S.
Во колку часот ќе биде достапна „ГТА 6“ на 19 ноември?
Според официјалната страница за поддршка на „Рокстар гејмс“, Гранд тефт ауто VI ќе стане достапна на двете платформи на полноќ по локално време, во четврток, 19 ноември 2026 година.
Тоа значи дека играта ќе се отклучува во 00:00 часот во секој регион, наместо истовремено низ целиот свет.
И за играчите во САД важи најавениот распоред со почеток на полноќ по локално време. Сепак, за точниот термин на отклучување треба да го проверат одбројувањето прикажано на нивната конзола.
Поради разликите во временските зони, обожавателите во некои земји ќе можат да почнат да играат порано од оние во други.
Може ли „ГТА 6“ да се преземе пред официјалното објавување?
Играчите што однапред ја нарачале дигиталната верзија на ГТА 6 веќе можат да ја преземат играта.
Преземањето однапред започна во вторник, на 10 ноември, на двете платформи. За Плејстејшн 5 беше овозможено од полноќ по локално време, додека за Иксбокс серија X|S почна истовремено низ целиот свет, во 00:00 часот по Гринич.
Сепак, преземањето пред датумот на објавување не овозможува и порано играње. Ќе мора да се почека официјалното отклучување на 19 ноември.
Од „Рокстар“ потврдуваат и дека за преземањето се потребни до 212 гигабајти слободен простор, зависно од уредот.
Гранд тефт ауто VI засега излегува само за Плејстејшн 5 и Иксбокс серија X|S. „Рокстар гејмс“ сè уште нема објавено официјален датум за верзијата за персонални компјутери.
Извор: Just Jared