Сакаше да го фрли ранчето кое го најде, кога од него слушна плачење (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Филипински ѓубреџија најде ранче во кое имало ставено новороденче напуштено од неговата мајка тинејџерка, закачено на ограда на улица.

Ранецот го пронашол работник од комуналното претпријатие во областа Лау Лау. Сакал да го фрли кога слушнал детски плач. Набрзо околу него почнале да се собираат и други минувачи кои не можеле да веруваат што се наоѓа пред нивните очи.

На самото место стигнала брзата помош, како и полицијата, и бебето е префрлено во локалната болница.

„На почетокот не знаевме дали бебето е мртво или живо, како ни што да правиме, а потоа некој предложи да повикаме итна помош/ Бебето имаше многу среќа кога го пронајде работникот од комуналното. Мене ми е жал и за мајката, судејќи по униформата во торбата, таа е тинејџерка и ќе и треба помош“, рече еден сведок.

Судејќи според облеката пронајдена во торбата, како и по близината на училишната установа, се сомнева дека мајката има од 12 до 16 години.

Од болницата изјавија дека бебето е примено во слаба состојба, но сега е добро и убаво напредува.