Сакала да истетовира „7 Rings“ – испаднало друго: Аријана пишман за новата тетоважа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Популарната пејачка Аријана Гранде на социјалните мрежи се пофали со нова декоративна тетоважа која си ја направила на дланката. Но, вистината набрзо ја удри како бумеранг, а пристигна од страна на нејзините фанови кои за кратко време открија што значат јапонските букви кои ги истетовирала Гранде.

Славната пејачка Аријана на писмото кањи, едно од трите што се користат во Јапонија , сакала да го напише името на својот нов сингл „7 Rings“, но наместо тоа симболите што ги истетовирала значат „мала скара”. 😀

„Умирам, дали Аријана истетовирала мала скара?”, „Замисли тоа да си го истетовираш на дланката” , беа дел од коментарите на фановите, кои ја исмеваа на социјалните мрежи за грешниот напис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande) on

Пејачката за кратко време ја избриша фотографијата и се огласи во врска со тој нејзин гаф. „Навистина, ги изоставив знаците што требаше да бидат меѓу нив. Многу болеше , па сепак изгледа добро. Не можев да издржам уште некој симбол”, порача Аријана.