Home Актуелно Фрчкоски е нов декан на Правниот факултет на приватниот универзитет ФОН

Фрчкоски е нов декан на Правниот факултет на приватниот универзитет ФОН

Со објава на неговиот Фејсбук профил, Сефер Цаноски откри дека професорот Љубомир Фрчкоски е новиот декан на Правниот факултет на приватниот универзитет ФОН.

Студентите на Универзитетот ФОН во новиот семестар со нов професор и нов декан на Правно – Политички науки – ПРОФ. Др. ЉУБОМИР Фрчковски.

Фрчкоски е професор по меѓународно право, меѓународни односи ,Современи политички теории и др.

Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1981. Во 1986 година магистрирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а со титулата доктор на науки се стекнал на Универзитетот „Едвард Кардељ“ во Љубљана во 1989 година.
Повеќе од 3 децении работеше на државниот универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Работниот однос со универзитетот ФОН започнува со почетокот на новиот семестар од 1 март.

Нека е среќно и многу успеси !

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…