Home Актуелно САД против Асанж денес во лондонскиот суд – му се закануваат 175 години затвор

САД против Асанж денес во лондонскиот суд – му се закануваат 175 години затвор

Правните американски владини претставници денес во лондонскиот суд Вулвуч Краун ќе се соочат со основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, во судското рочиште кое ќе биде одржано под високо обезбедување.

Сослушувањето ќе се одвива една деценија откако Викиликс објави многу тајни воени документи.

Сослушувањето за предавањето ќе почне со изјаснување на адвокатите на САД, кои го сомничат Асанж за шпионажа, за што му се закануваат 175 години затвор, пренесува Асошиејтед Прес. Тој е обвинет по 18 точки поради објавување доверливи документи.

Обвинителството на САД го товари за дослух со припадник на воената разузнавачка служба Челси Менинг, кој го хакирал компјутерот на Пентагон и објавил стотици илјади тајни дипломатски и воени документи за војната во Ирак и во Авганистан, со што, наводно, бил доведен во опасност животот на американски државјани.

Новинарските организации и групите за граѓански слободи, меѓу кои и Амнести интернешнел и Репортери без граници, велат дека обвинувањата против Асанж претставуваат преседан за слободата на печатот.

„Тоа е напад врз новинарството. Единственото обвинување против Џулијан, кое се крие зад глупоста за шпионажа, е обвинувањето против новинарството“, изјави грчкиот пратеник Јанис Варуфакис.

Приврзаниците на Асанж се загрижени за неговото здравје зашто, како што велат, нарушени му се и физичкото и менталното здравје, а страда и од депресија, болести на рамениците и на забите.

Одбраната на Асанж инсистира дека обвинувањата на САД се политички мотивирани, како и дека ќе даде докази дека во август 2017 година администрацијата на Трамп му понудила помилување доколку каже дека Русија не била вмешана во протекувањето на мејловите на Демократскиот национален комитет.

Доколку судот се согласи Асанж да биде предаден, крајниот збор ќе го има британската влада.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …