Авто мото

Руските милијардери се луди по овој луксузен автомобилски бренд

Според статистичките податоци на „Аутостат“, во Русија во моментов се регистрирани над 13.000 суперлуксузни и вртоглаво скапи автомобили, сите во сопственост на руските милијардери и тајкуни.

Според најновите податоци на рускиот „Аутостат“ најпопуларен суперлуксузен автомобил меѓу богатите Руси е Mercedes Maybach S-Class со 3016 регистрирани возила.

На втората позиција е Bentley Continental GT со 2.353 примероци, а трет е Bentley Continental „Flying Spur“ со 834 автомобили.

Четвртото и петтото место според застапеноста на руските патишта го заземаа суперлуксузните СУВ модели Maserati „Levante“ (632 ) и Bentley „Bentayga“ (588) возила.

Меѓу топ десетте омилени суперлуксузни автомобили меѓу богатите Руси се и Maserati „Quattroporte“ (444), Rolls Royce „Phantom“ (440), Rolls Royce „Ghost“( 349), Rolls Royce „Wraith“ (342) и Maserati „GranTurismo“ (197) автомобили.

Advertisements
To Top