Home Шоубизнис Руската оперска елита со изведба на „Аве Марија“ во чест на Нотр Дам

Руската оперска елита со изведба на „Аве Марија“ во чест на Нотр Дам

Откако планетарно популарната париска катедрала Нотр Дам беше опожарена пред неколку дена, од сите страни на светот стигнуваат гестови и активности во знак на поддршка за реновирање на истата и афирмација на значењето на овој верски и културно-историски објект.

Во тоа се вклучи и руската оперска елита, која на свој начин ја изрази поддршката за Нотр Дам.

Некои од најдобрите оперски пејачи во Русија се здружија и снимија топла музичка порака за поддршка на народот на Франција, кој тагува по катастрофалниот пожар во катедралата Нотр Дам.

Пејачите од Баљшој театар, Марински, Новаја опера и други водечки театри во Русија снимија своја верзија на Шубертовата „Аве Марија“ по катастрофата во францускиот готски скапоцен камен. Франција минатата недела речиси го загуби своето најпосетено национално богатство, откако покривот и шилестата кула на Нотр Дам беа уништени од огромен пожар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …