Home Спорт Славниот фудбалер проговори за животната драма низ која поминал

Славниот фудбалер проговори за животната драма низ која поминал

Легендата на чешкиот фудбал, Карел Поборски за „Гардијан“ ја раскажа својата животна драма откако добил мозочна инфекција.

Фудбалерот кој во кариерата настапуваше за Манчестер Јунајтед, Бенфика и Лацио вели дека причина за инфекцијата бил крлеж кој се наоѓала во неговата брада.

Инфексцијата се проширила на мозокот, а Поборски вели дека само еден ден подоцна да отишол на лекар, денес немало да биде жив.

„Ако пристигнев во болница еден ден покасно од тоа што го направив, ова интервју немаше да се случи. Кога пристигнав, речиси беше предоцна бидејќи инфекцијата земала голем замав. Ме ставија во индуцирана кома, а потоа кога се разбудив, ме прашуваа како се викам. Сите мои мускули на лицето беа парализирани, стануваше збор за тешка инфекција на мозокот“, раскажува Поборски.

„Три седмици минав во карантин, примав силни антибиотици кои директно ми беа вбризгувани во вените. Не можев да јадам, морав да ги држам очите затворени бидејќи бев пречувствителен на светлина. Искрено, бев преплашен и не знаев што ќе се случи“, открива Поборски за „Гардијан“.

За среќа се завршило добро, тој потполно се опоравил. Брадата ја избричил веднаш, а од тогаш Поборски мора да носи специјална маска за да ги заштити очите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…