Home Актуелно Русите ја најавија дигиталната рубља

Русите ја најавија дигиталната рубља

Централната банка на Русија на крајот од 2020 година го воведе концептот на национална дигитална валута. До крајот на оваа година ќе лансирата прототип на дигиталната рубља, потврди денеска највисоката руска монетарна институција, пишува порталот Пари.

– Штотуку го објавивме извештајот со препораките заедно со концептот на дигитална рубља – рече првиот заменик гувернер на централната банка, Олга Скоробогатова, на состанокот на работната група на Одборот на Државната дума за финансискиот пазар, пренесува Раша Тудеј.

Таа исто така изјави дека монетарниот регулатор ќе развие прототип крипто платформа до крајот на годината и ќе го следи пазарот за да ги испланира следните фази на проектот.

Руската централна банка го воведе концептот на национална дигитална валута на крајот на 2020 година. Новата форма на пари се очекува да коегзистира со готовина и безготовински рубљи.

За разлика од виртуелните валути како што е биткоинот, дигиталната рубља е дизајнирана да го минимизира ризикот, затоа што ќе биде издадена од државниот регулатор на пари и ќе биде поддржана од традиционални пари.

Најновото истражување, спроведено од Центарот за истражување на Сколково за финансиски технологии и дигитална економија, покажа дека приближно половина од учесниците во истражувањето ја поддржуваат идејата за дигитална рубља, додека скоро 40 проценти од испитаниците биле против.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…