Home Актуелно Облачен петок

Облачен петок

Денеска претпладне времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд на истокот од земјава. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северозападен и северен правец, особено изразен во поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/час.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 20 Целзиусови степени, Маврово 13, Охрид 17, Битола 19, Крива Паланка 16, Берово 15, Кавадарци 21, Дојран 22.

Утре ќе имаме сончево и потопло со слаб до умерен ветер од јужен правец и дневни температури од 17 до 29 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…