Роналдо втор ден по ред не се појави на тренинг на Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Втор ден по ред Кристијано Роналдо не се појави на тренинг на Манчестер јунајтед, официјално поради семејни причини.

Познатиот англиски новинар, Дејвид Орстејн претходно најави дека не се очекува Роналдо да се појави на денешниот тренинг поради семејни причини.

Според него нејасно е кога и дали воопшто Роналдо ќе се приклучи на тренинзите на Јунајтед. Тимов во петок заминува на турнеја во Тајланд и Австралија.

Роналдо му соопшти на Манчестер јунајтед дека сака да замине од клубот, па со неговите отсуства од тренинзите се јавува сомнеж дека тоа го прави намерно со цел да изврши притисок да биде продаден.