Ковачевски тврди: На вечерниот протест денеска се планира нешто кое не доликува на членка на НАТО


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот премиер Димитар Ковачевски на заедничката прес конференција со претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел, предупреди дека вечерва на протестите се планирало нешто што не доликува на земја членка на НАТО.

Информациите премиерот ги добил од МВР.

– Протестот е демократско право и секој граѓанин може да се го изрази својот став. Тоа треба да биде во рамки на законите. Се надевам дека така ќе биде. Вчера имавме четворица повредени полицајци. Денеска се планира нешто што не доликува на земја членка на НАТО, рече Ковачевски.