Home Спорт Роналдо: „Не знам зошто ме критикуваат така, Руни и Гери Невил не ми се пријатели“ 🎥

Роналдо: „Не знам зошто ме критикуваат така, Руни и Гери Невил не ми се пријатели“ 🎥

Изјавите во најавеното, сè уште целосно необјавено, интервју кое со Кристијано Роналдо го направи Пирс Морган предизвика вистинска бура во Манчестер јунајтед пред почетокот на Мундијалот во Катар. Во ова интервју Роналдо кажа работи против клубот, но и тренерот Ерик Тен Хаг.

Роналдо неодамна беше критикуван од поранешните фудбалери на тимот, Гери Невил и Вејн Руни, а Морган го праша што ќе каже за нив.

„Пирс, не разбирам. Тоа треба да го прашате Руни. Не знам зошто ме критикуваат. Лесно е да се критикува кога не ја знаете целата прикзна. Невил и Руни не ми се пријатели“, кажа Роналдо.

Португалецот претходно кажа дека неколку луѓе се обидувале да го избркаат од тимот уште минатата година, но не успеале во намерата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…