Студентите се поделија – дел продолжија со преговори со власта, дел најавија нов протест в четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Движењето „Студентски отпор“ најави нов протестен марш за вчетврток.

Претставникот на ова движење по средбата замина веднаш, не сакаше да даде изјава зошто се уште се незадоволни како што сега посочуваат во објавата. Најавуваат дека протестот ќе им се приклучат и од средношколскиот сојуз и независниот академски синдикат, но поддршка нема да добијат од универзитетските сојузи.

И додека студентските организации и сојузи се поделија, во студентските домови сликата е загрижувачка. Студенти кои се сместени во Стив Наумови Плеагонија испратија видео и фотографии во какви услови живеат. Руинирани тоалети, без топла вода за капење, а за греењето велат го има но повремено. Поради ваквите услови не можат да се посветат целосно на учењето. Незадоволни се и од надоместокот и начинот на кој се добива. Студентите од Гоце Делчев се задоволни од собите но реагираат на рестрикциите поради мерките за штедење.

Премиерот уверува дека студентскиот оброк студентите ќе го добиваат според досегашните критериуми. Вети дека сите одлуки во иднина ќе ги носат заеднички со студентските собранија.

Студентските собранија веќе ги почнаа разговорите со МОН, а во четврток ќе се одржи и средба во клубот на пратеници каде ќе разговараат за измени во законот.