Никола Љушев од Управен одбор на „Телеком“ земал плата од 11.500 евра месечно, Тунтев во АЦВ зема 203.000 денари


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според податоците кои ги објавува опозициската ВМРО-ДПМНЕ, половина милион евра за четиригодишен мандат или 11.500 евра месечно е највисоката плата која беше објавена во рамките на таканаречената афера „Паразит“. Станува збор за Никола Љушев именуван од Владата во Управниот одбор на „ Телеком“ кој според пресметките на опозициската партија со месечната плата од 713 илјади денари во еден мандат ќе инкасира 560.000 евра.

Втор на листата објавена денеска од ВМРО – ДПМНЕ е Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за Цивилно воздухопловство, кој зема плата од 203.000 денари месечно, пренесува Гласот на Америка.

„ Тунтев не е директор во Германија или некоја друга развиена земја, тој е именуван функционер од владата во Македонија. Јавноста ниту го видела Тунтев по заминувањето од функцијата пратеник, ниту слушнала за неговата работа. Неговата плата е 3.300 евра месечно. Во Македонија во која што народот не може да се прехрани, а тој зема годишна плата од 40.000 евра. И за еден мандат ќе инкасира цели 160.000 евра“, изјави Ивица Томовски, член на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од функционерите кој се најде на листата е и директорот на ПУИК, Зоран Ѓорѓиев, со месечна плата од 105.000 денари кој во својот мандат ќе заработи 84 илјади евра.

„Љупчо Зиков, дежурен аналитичар на власта, а во принцип именуван функционер месечно од МЕПСО зема 80.000 денари, што за една година е 960.000 денари или 16.000 евра. Во текот на еден мандат тој од оваа енергетска компанија ќе инкасира 54.000 евра“, кажа Томовски.

Премиерот Ковачевски призна дека има неконзистентност во платите на државните функционери и најави подготовка на Закон за да се запази консистенноста во платите, пред се на ракодовните лица.

„Мора да има закон со којшто ќе се стави ред и конзистентност во примањата особено на раководните лица. И затоа предложив и е во изработка закон за плати во којшто ќе се дефинира најголемата плата во државата и сите плати потоа ќе бидат врз основа на таа највисока плата унифицирани, односно ставени во една конзистентна рамка“, изјави премиерот Ковачевски.

Законот ќе треба да го изработи министерството за информатичко општетсво и администрација но тоа би бил обемен и долготраен процес.

ВМРО – ДПМНЕ вчера ги објави платите на двајцата директори во М-НАВ кои се движат од 266 до 345 илјади денари.