Home Спорт Рома ја прифати понудата од Марсеј за Стротман!

Рома ја прифати понудата од Марсеј за Стротман!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Кевин Стротман може да ја напушти Рома во следните денови и да се пресели во Марсеј.

Имено, францускиот клуб испратил понуда „тешка“ 23 милиони евра плус бонуси која Рома наводно ја прифатила.

Сега се е во рацете на Стротман кој се уште размислува дали да ја прифати понудата на Марсеј, кој му нуди 4,5 милиони евра по сезона.

Марсеј е во потрага по квалитетен играч за врска, а теренерот Руди Гарсија одлично го познава Стротман и го сака во своите редови.

„Волчицата“ во летниот преоден рок го ангажираше Нзонзи, па поради тоа е спремна да му ја отвори излезната врата на Холанѓанецот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…