Родниот лист од новородениот принц открива што се по занимање неговите родители


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од вчера во јавноста е достапен родниот лист од книгата на родените на новиот британски принц, малиот Луи Артур Чарлс.

Малиот е роден на 23 април, оваа година, а во родниот лист го пишува неговото полно име – Неговото кралско височество принцот Луи Артур Чарлс од Кембриџ. Родниот лист на новороденото кралско бебе е потпишан од неговиот татко, принцот Вилијам.

Меѓу податоците на овој документ, секако, се и податоците за родителите на детето, а меѓу се вклучени и нивните занимања.

Така, за таткото на малиот принц, Вилијам Артур Филип Луи, Војвода од Кембриџ, по занимање пишува дека е „принц на Обединетотот кралство“, а за мајката на бебето, Кетрин Елизабет, Војвотка од Кембриџ, дека по занимање е „принцеза на Обединетото кралство“.

Без оглед на податоците во родниот лист од бебето, познато е дека и Вилијам и Кејт имаат дипломирано историја на уметноста. Кејт, исто така, стана првата кралска невеста со универзитетска диплома.