Home Вебкафе Родителите го тужеа 30-годишниот син – судијата му нареди да се исели од дома

Родителите го тужеа 30-годишниот син – судијата му нареди да се исели од дома

Откако одби да се исели од семејната куќа, родителите му опнаа тужба на својот 30-годишен син, а судијата пресуди „малиот“ да си ги собере парталите и да го напушти домот.

Мајкл Ротондо пред судијата изјави дека знае оти неговите родители сакаат тој да го напушти домот во кој живеат заедно, но додаде дека тој, сепак, е член на семејството и дека му требаат уште шест месеци да поживее дома. Судијата Доналд Гринвуд го одби неговото барање, а Ротондо најави жалба на пресудата.

Марк и Кристина Ротондо одлучија да го тужат својот син Мајкл пред Врховниот суд откако тој ги игнорираше нивните писма за иселување, паричната понуда и другите видови на помош. Брачниот пар за јавноста не ги откри причините поради кои сакаат нивниот син да го напушти семејниот дом.

Мајкл за медиумите изјави дека живее во спалната соба од своите родители, дека не разговара со нив и дека не е спремен да го напушти домот. Сепак, тој ќе биде исфрлен од дома, а обвинителот Ентони Адоранте изјави дека ќе му дадат доволно време за тоа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …