Ријана ги „издува“ со богатство музичките легенди Елтон Џон и Мик Џегер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


32-годишната Ријана, која неодамна се пресели во Лондон, со своето богатство ги надмина култните музички икони Елтон Џон (73) и Мик Џегер (76).

Прв на листата е композиторот Ендру Лојд Вебер (72), а втор Пол Макартни (77).

Ријана се искачи на третото место на листата на најбогати музичари на „Sunday Times“, со проценка на богатството од 600 милиони долари.

„Таа малку не изненади… До минатото лето многу малку луѓе воопшто знаеле дека живее во Велика Британија. Сега е во добра ситуација да биде првата музичарка која во Велика Британија стекнала статус на милијардерка“, вели Роберт Вотс, кој ја составува листата.

И покрај тоа што атрактивната дама не извадила албум од 2016, за нејзината заработка во голем дел е заслужно партнерството со францускиот луксузен бренд „LVMH“.

Освен тоа, Ријана лансираше и сопствена линија на секси долна облека под називот „Savage x Fenty“ која најдобро ја промовира со своите фотографии на социјалните мрежи.

Инаки, ова не и е прв пат со парите да ја надмите конкуренцијата. Минатата година таа го зазема првото место налистата на Форбс за најбогати жени во музичката индустрија.