Вака се прави тоа: Новинарката „му ја затна муцката“ на арогантниот адвокат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новинарката Емела Бурџовиќ од босанската телевизија Н1, буквално му ја затна муцката и го остави без зборови адвокатот на Фахрудин Солак, кој е главен актер во голема афера што деновиве ја тресе Босна и Херцеговина.

Станува збор за неодамна суспендираниот директор на федералната Управа за цивилна заштита, кој мораше да се повлече од функцијата поради аферата „Респиратори“.

Во последниве денови, адвокатот на Солак, Кадрија Колиќ, на секое прашање во врска со аферата одговарал со закани, најавувајќи правни последици. Колиќ исто така арогантно се однесуваше и во разговорот со споменатата новинарка, но ни таа не му остана должна.

Солак беше меѓу клучните лица чија задача во изминатите два месеца била да ги утврдат и спроведат мерките нужни за спречување на епидемијата на Ковид-19 , а во краток заклучок на Владата се вели дека тој е суспендиран до крајот на активностите покренати во врска со постапката за јавни набавки.

Солак претходно и самиот предложи Владата да го суспендира откако се покажа дека со негова одлука задачата за набавка на стотина респиратори за болници во Сараево, Мостар и Тузла е доверена на компанијата „Сребрена малина“, регистрирана за одгледување и преработка на овошје и зеленчук, а во сопственост на Фикрет Хоџиќ, познат само како домаќин на реално шоу на локална телевизиска станица.

Денес, медиумите во БиХ открија нова голема работа во врска со аферата „Респиратори“. Имено, иако Солак ја загуби позицијата директор на федералната Управа за цивилна заштита, тој сепак и натаму добива плата, а останал и на чело на Кадровската комисија на СДА Ново Сараево, каде беше назначен пред три месеци.