Home Спорт Револуција во Премиер лигата: Скратен преодниот рок!

Револуција во Премиер лигата: Скратен преодниот рок!

Клубовите од англиската Премиер лига денес изгласаа да биде скратен летниот преоден рок!

Клубовите од Премиер лигата во летниот преоден рок ќе можат да купуваат играчи до 9-ти август, а после тоа ќе биде затворен периодот за ангажирање и регистрирање на нови фудбалери.

Како што пренесува „Би-Би-Си“ ова правило ќе важи за 72 клуба од најдобрите англиски лиги, но клубовите надвор од Премиер лигата ќе можат да доведуваат фудбалери до 31-ви август, но само на позајмица.

Исто така донесено е и правилото дека клубовите од март во протоколот за лигашките натпревари ќе мора да имаат барем 10 фудбалери кои биле регистрирани за претходниот меч.

На тој начин треба да се спречи евентуално местење натпревари и пуштање победа на екипите кои се борат за опстанок или пласман во повисок ранг на натпреварување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…