Ресторан нуди бесплатен оброк за деца ако нивните родители ги остават мобилните на влез


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британскиот ресторан Frankie&Benny’s ја претстави својата зона без мобилни телефони откако направија анкета за тоа колку употребата на телефоните има влијание врз семејната вечера на едно семејство. Тие сега, во својата понуда, имаат бесплатен оброк за децата чии родители на влегување во нивниот ресторан ќе ги остават мобилните телефони на влезот.

„No Phone Zone“ е новата програма во овој ресторан која има за цел да го намали опсесивното чепкање во мобилните телефони кај нивните гости.

Скоро 20 насто од децата кои беа опфатени во нивната анкета изјавиле дека нивните родители времето го минуваат во чепкање во телефоните, наместо во разговор со нив. Меѓу испитаниците од редот на родителите, дури 23 насто признале дека ги проверуваат и чепкаат смартфоните за време на јадењето, па некои дури и кога нивните деца им се обраќаат и разговараат со нив.

Освен тоа, имало и деца кои изјавиле дека некогаш им ги кријат мобилните на своите родители за тие да имаат повеќе време за нив.

Вработените во ресторанот на родителите им носат посебна кутија во која тие можат да ги остават нивните мобилни телефони, а раководството на ресторанот тврди дека оваа програма ќе потрае.