Реал Мадрид спреми 60 милиони за ѕвездата на Челзи!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е спремен да плати 60 милиони фунти за левиот бек на Челзи, Маркус Алонсо.

Шпанскиот гигант е убеден дека таквата понуда ќе биде доволна за Челзи да го пушти поливалентниот играч, за чии трансфер „зелено светло“ дал и капитенот Серхио Рамос, пренесува „Дон Балон“.

Алонсо на „Сантиаго Бернабеу“ треба да биде замена за Марсело чија форма е во надолна линија и на лето би можел да ја промени средината.

Челзи сигурно нема лесно да се ослободи од така важен играч, особено поради фантот што Шпанецот неодамна стави потпис на нов договор со лондонскиот клуб.

Интересно, 27-годишниот Алонсо кариерата ја започна во младите категории на Реал Мадрид, но никогаш не доби шанса во првиот тим. Останува да видиме дали и самиот фудбалер ќе инсистира да се врати на „Сантиаго Бернабеу“.

https://youtu.be/VRZR_Ai8FAo