Отвориле лажна дизајнерска продавница и чевли од 20 долари ги продавале како луксузни


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


При отворањето на продавница во Лос Анџелес, американскиот ланец продавници за евтини обувки Payless направи социјален експеримент.

Тие организираа грандиозно отворање на лажна „pop-up“ продавница со име Palessi во која пуштија во продажба чевли кои чинат 20 долари.

На отворањето поканија голем број таканаречени „инфлуенсери“ кои се восхитуваа на луксузот во новата продавница за „дизајнерски обувки“ во Лос Анџелес, не знаејќи дека во рацете држат чевли од 20 долари.

Payless на отворањето на лажната луксузна продавница донесе и камери пред кои многу од споменатите „инфлуенсери“ говореа за „ексклузивните обувки“. Една жена изјави дека дефинитивно вреди да се дадат 400 долари за овие чевли, а друга објасни дека нивните производи се елегантни и софистицирани.

Една жена за пар чизми „искешира“ 640 долари, а лажната продавница за само неколу часа направи промет од 3.000 долари. Сепак, беа фер и на „инфлуенсерите“ кои се излагаа (оти, нели, реално и толку разбираат) и купија од „луксузните“ обувки им ги вратија парите, а чевлите кои ги купија им ги дадоа на подарок.

Од Payless нагласија дека нивната цел била да ги потсетат купувачите дека и обувките кои можат да ги купат за пристапни цени, исто така, се модерни.