Реакцијата на родителите кога синот им кажа дека го положи најтешкиот правосуден испит во САД (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дипломираниот правник и иден адвокат Ваџи Махмуд им чита на родителите дека го положил правосудниот испит по седум години студирање, по што следува нивната бурна реакција. Ова видео стана хит на социјалните мрежи.

„Сакав да ја снимам нивната реакција бидејќи знаев дека резултатот им значеше многу на моите родители. Тие ја напуштија својата татковина Пакистан за да дојдат во Америка, да основаат семејство и да ни дадат подобар живот “, рече Ваџи од Лос Анџелес, Калифорнија.

„Ова беше момент што го чекав цел живот. Мајка ми секогаш велеше ’мојот син ќе биде адвокат кога ќе порасне‘, па го чекав ова уште од мал“, вели тој.

„Моите родители жртвуваа сè за да успеам, па сега конечно можам да им возвратам и да ги поддржам исто како што тие направија за мене“, рече Ваџи.

„Студирав за овој испит седум години, бидејќи правосудниот испит во Калифорнија е познат како најтежок во САД“, рече тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wajeeh West (@wajeehwest)