Реакцијата на ЛеБрон на вртоглавата понуда која Мбапе ја доби од шеиците е хит на интернет


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе вчера доби вртоглава понуда од Саудиска Арабија за трансфер од француската во тамошната лига која предизвика бројни реакции на интернет.

ПСЖ се согласи на понудата од Ал-Хилал од 300 милиони евра за францускиот напаѓач, која ако се реализира ќе биде нов светски рекорд во светот на спортските трансфери. Саудискиот тим на Мбапе му понуди, исто така, рекордна сума – едногодишен договор со годишна плата од 700 милиони евра.

Меѓу оние славни личности кои се огласија со реакција на оваа понуда беше и ЛеБрон Џејмс. Славниот НБА ас на Твитер објави GIF со спринтот од Форест Гамп и коментар: „Ова сум јас на пат за Саудиска Арабија откако тие му се јавија на мојот агент и му го понудија тој едногодишен договор“. Твитот досега е споделен околу 10 милиони пати.

Мбапе за само една година во Саудиска Арабија би заработил 700 милиони евра, односно 776 милиони долари, додека ЛеБрон во својата 20-годишна НБА кариера има заработено вкупно 531 милион долари.