Славни

Разголени во политички цели

Славниот холивудски актер Џаред Лето е еден од последните во низата познати личности кои позираат целосно голи или во долна облека за да ги охрабрат нивните обожавателите и симпатизери да одат на гласање на американските претседателски избори.

„Не заборавајте да гласате“, напиша Лето под фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JARED LETO (@jaredleto) on

48-годишниот актер им се придружи на големиот број sвезди, меѓу кои Марк Руфало, Сара Силверман, Џена Деван и Наоми Кембел, кои на овој начин сакаат да ги охрабрат Американците да излезат на гласање во што поголем број.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenna Dewan (@jennadewan) on

„Еј, јас сум гола. Одлично, сега кога го добив твоето внимание: Гласај! И ако гласаш од далечина, провери дали ги следиш СИТЕ упатства на твоето гласачко ливче. Не ме држи за збор, слушај ги сите мои голи пријатели”, напиша Наоми под видеото што го сподели на својот профил на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi) on

Една од првите славни личности што употреби голотија за да ги поканат гласачите да гласаат беше Кајли Џенер.

По нејзината објава, имало неверојатни 1.500 проценти зголемување во однос на претходниот ден на американската алатка за регистрација и проверка на гласачите во САД преку интернет.

To Top