Разгалена богаташка ќерка реши да живее како бездомник – еве колку издржа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Rich Kids Go Homeless” е британска шоу емисија во која богатите наследници на мултимилионерите и милијардерите, имаат предизвик да живеат како бездомници на улица.

На таков предизвик оваа недела се одлучила и 21-годишната богата наследничка Изабела Џејмс, студентка по психологија, која сакала да покаже дека не е разгалена принцеза. Иако годишно оди на шест луксузни одмори , има колекција на дизајнерска гардероба и е во врска со возачот на Формула, Себ Морис, Изабела мислеше дека може да преживее на улица. Решила да преживува со собирање шишиња и пластична амбалажа за рециклирање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ISABELLA ? (@isabellajsjamesx) on

Но, кога останала сама на улиците на источен Лондон, нејзиното мислење дека може да преживее се сменило. Преспала на една од најозлогласените улици, Стратфорд, под шатор и на картон, а потоа во вреќе за спиење, зашто не сакала да оди во прифатен центар. Набргу увидела дека не може да преживее од парите од шишиња, па побарала работа во автоперална, но безуспешно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ISABELLA ? (@isabellajsjamesx) on

Утредента , кога немала пари за јадење, почнала да игра и да пее и да им раскажува на луѓето за својот живот, па така собрала околу 5 фунти, што ги искористила за оброк за неа и за уште една вистинска бездомничка, која поради завиаснот од дрога живее на улица со своето куче. Изабела веќе не можела да поднесе да помине уште една ноќ на улица и се откажала од шоуто.

Вели дека по ова искуство, е сосема различна личност. „Моите размислувања биле погрешни. Дури сега сфатив дека не било воопшто лесно да се најде работа” , вели Изабела и додава дека ќе се заложи бездомниците да може да добијат лична карта иако не знае што да направи да се смени законот.