Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес повика 19 ракометари за двата пријателски натпревари против Саудиска Арабија и Србија, кои ќе се играат во Белград.
По кратката пауза за новогодишните празници, репрезентацијата продолжува со тренинзи во СЦ „Борис Трајковски“ уште денеска и утре, а веќе во четврток наутро заминува за Белград, каде истиот ден ќе одигра контролен меч против Саудиска Арабија, а во петок црвено-жолтите ќе играат против Србија.
Меѓу повиканите не се голманот на Металург, Мартин Томовски и средниот бек на Еурофарм Работник Горан Крстевски.
Во враќањето од Белград, следуваат завршните подготовки до 11 јануари кога селекцијата заминува за Загреб.