Растури на Rotten Tomatoes: Мрачната серија на Netflix за три дена доби највисока оцена


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Вознемирувачката серија во продукција на Netflix, „Mindhunter“, ги воодушеви глеадчите уште со првата сезона, а втората сезона во многу краток временски рок на страницата Rotten Tomatoes заработи највисока можна оценка, неверојатни 100 проценти. На IMDB има еднакво висока 8,6 оценка.

Во серијата, чие дејство се случува во седумдесеттите години од минатиот век, приказната ги следи ФБИ агентите Холден Форд (Џонатан Гроф) и Бил Тенч (Холт МекКалани), кои се обидуваат да проникнат во изопачените умови на сериските убијци, силувачи и злосторници.

Ликовите во серијата, инаку, се стварни убијци, а во истата глумат главно непознати актери, со цел што помалку внимание да одвлекуваат тие од самиот факт дека станува збор за приказни за вистински манијаци од реалноста.

Во втората сезона се појавува и Чарлс Менсон, а интересен податок е дека него го глуми актерот Дејмон Хериман, кој го играше Менсон и во најновиот филм на Квентин Тарантино, „Once Upon A Time In Hollywood“.