Роналдо Џуниор бил шокиран од куќата каде што пораснал неговиот татко


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Sвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо откри дека неговиот син Роналдо Џуниор бил шокиран кога со свои очи го видел местото, каде што фудбалерот пораснал како дете.

Кристиано Роналдо до својата 12-та година живееше во Мадеира, во скромна куќа, пред да се пресели во Лисабон и да направи голема кариера.

Роналдо посакал да го посети местото каде што живееле и со себе го земал неговиот син.

„Бев возбуден да го посетам местото каде што пораснав. Тој веќе знаеше за Мадеира и местото Маркес де Помбал. Дојде со мене и таму ги имаше истите луѓе кои живееа во тоа време. Искрено тоа ме допре, не очекував да ги видам истите луѓе“, изјави Роналдо.

„Бев со Кристиано Џyниор, влеговме во собата каде што престојував. Син ми се сврте накај мене и ми рече: „Татко, навистина живееше тука?“ Не му се веруваше. Мислат дека се е лесно во животот. Квалитетот на животот, куќите, облеката… мислат дека сето тоа паѓа од небо. Тоа се обидувам да му објаснам на мојот син. Дури и кога одам во некои училишта, се обидувам да им кажам дека само со талентот нема далеку да стигнете. Работата и посветеноста може да ве донесе до се што ќе посакате“, откри Португалецот.