Актуелно

Изјава на Катица Јанева после распитот кај Русковска: Не чувствувам вина за „Рекет“

Распитот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за случајот „Рекет“, кој го вршеше обвинителката Вилма Русковска, траеше повеќе од 4 часа. По завршувањето на сведочењето, Јанева даде кратка изјава за претставниците на медиумите кои ја чекаа пред Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Катица Јанева рече дека денеска била повикана во својство на сведок во случајот „Рекет“, но не сакаше да одговоир на новинарско прашање дали гласот што се слуша во емитуваните снимки е нејзин.

Јанева, исто така, не сакаше да открие детали за исказот кој го даде пред обвинителката Русковска па потенцираше дека не чувствува никаква вина за случајот „Рекет“.

Пред новинарите Јанева тврдеше дека телефонот не бил форматиран и дека очекува целиот овој случај да биде расчистен преку судски процес.

„Во време на истрага не се откриваат детали, се надевам дека ќе има судски процес на кој ќе се гледаме почесто“

Јанева тврди дека засега е повикана во својство на сведок и не даде конкретен одговор дали очекува да биде една од осомничените во овој предмет.

To Top