Home Вебкафе Ракитиќ ја расплака австралиската водителка (видео)

Ракитиќ ја расплака австралиската водителка (видео)

Австралиската водителка со хрватски корени, Луси Желиќ, се расплака за време на преносот во живо додека читаше изјава од хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ.

„Ова не ги засега само 22-цата играчи кои се овде, нашиот тренер, стручниот штаб, новинарите, сите четири и пол милиони ќе бидат со нас на терен. Среќни сме и горди што се изборивме за финале. Тоа е неверојатно и треба да бидеме горди, покажавме заединштво во секој натпревар“, прочита водителката на австралиската ЅВЅ.

A post shared by LUCY ZELIĆ (@lucyzelic) on

„Оваа е реченицата која ме скрши“, продолжи таа со читање: „Да постои доволно голем стадион да собере 4,5 милиони луѓе, тој би бил полн“, додаде таа и се расплака. „Се извинувам, но ова е навистина голема работа за Хрватите, ова нам многу ни значи“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Правилото на 2 минути што ќе ви го промени животот

Дали некогаш сте се фатиле како одложувате некоја ситна задача, велејќи си себеси: „Ќе ја …