Путин не смее да биде наврнат – дури и кога „врне“ луксузен шампањ (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сите кои до крај го проследија преносот од финалето на Светското првенство, сигурно ја забележаа интересната сцена со чадорите после почетокот на обилниот дожд кој го зафати стадионот.

Додека Путин експресно доби чадор, некое време после него беа делумно заштитени од дождот и останатите официјални лица, а Колинда остана последна за која донесоа чадор.

Е таа приказна со чадорите продолжи и во француската соблекувална, каде Путин, Макрон и Грабар-Китаровиќ отидоа за да се придружат на славјето на француските репрезентативци.

Во еден момент, Французите отворија шампањ со кој почнаа да прскаат насекаде низ соблекувалната, вклучително и политичарите кои беа пред нив.

Обезбедувањето од Путин експресно и спремно реагираше и на тој „дожд“, па веднаш отвори чадор за него, оти едно стана јасно – Путин не смее да биде наврнат, дури и кога „врне“ шампањ.