Home Актуелно Пуштена и потерница: Кривичен му одреди притвор на Сеад Кочан

Пуштена и потерница: Кривичен му одреди притвор на Сеад Кочан

Кривичниот совет на основниот суд Скопје 1 вчера попладне одредил притвор и издал потерница за приведување за Сеад Кочан, соопштува телевизија Телма.

Притворот е одреден откако кривичниот совет ја прифатил жалбата на Специјалното Јавно Обвинителство, која што беше поднесена за одлуката на судијката на претходна постапка која што го одби барањето за притвор.

Советот одлучил дека сите основи за притвор се исполнети, односно го прифатил образложението на СЈО дека Сеад Кочан ако остане на слобода може да избега, да влијае на сведоци или да уништи докази за случајот Труст за кој што се сомничи.

Судот минатата недела донесе само мерки на претпазливост за второ осомничениот Василије Авировиќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…