Home Нобел Пуштен во употреба најдолгиот мост изграден со 3D печатарска технологија

Пуштен во употреба најдолгиот мост изграден со 3D печатарска технологија

Во Шангај се случи вистинска архитектонска револуција со пуштањето во употреба на најдолгиот „испечатен“ мост на светот, кој е создаден со 3D печатарска технологија од страна на пекиншкиот Архитектонски факултет од универзитетот Цинхуа.

Мостот е долг 26.3 метри, а широк 3.6 метри и е лоциран во шангајскиот кварт Баошан. Изграден со модерни градежни техники. Го проектирал професорот Су Веиго од Универзитетот Цинхуа, а изграден е од 44 бетонски компоненти кои се изработени со помош на 3D технологија.

Бетонските компоненти се испечатени со помош на две “роботски раце“ а за нивната изградба биле потребни 450 часа. Според проценки, во споредба со конвенционалниот процес на градење, направена е заштеда од 33 отсто.

Првиот бетонски мост изграден со помош на 3D технологија за печатење е отворен во 2017 година во Холандија.

Load More Related Articles
Load More In Нобел
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…