Home Спорт „Пукна тиквата“: Гризман во „клинч“ со фановите (фото)

„Пукна тиквата“: Гризман во „клинч“ со фановите (фото)

Дел од публиката на стадионот „Ванда Метрополитано“ се нафрли врз фудбалерите на Атлетико Мадрид за време на дуелот против Карабаг во ЛШ синоќа.

Шпанските медиуми покажаа кадри како Антоан Гризман се обидува да го одбрани својот колега Кевин Гамеиро пред фановите.

После едно негово промашување фановите почнаа да го напаѓаат од трибините, а тоа не му се допадна на Гризнам кој реши да го одбрани својот сонародник и влезе во „клинч“ со публиката на стадионот.

Атлетико одигра реми 1:1 против Карабаг и се наоѓа пред елиминација од Лигата на шампиони, па фудбалерите со свирежи беа испратени во соблекувалните.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…