ПСЖ му понуди бланко чек, но Донарума сака само во…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сумата од 25 милиони евра за пет години не беше доволна за Џиџо Донарума да остане во клубот кој како 16-годишник му даде шанса да дебитира во Серија А.

Последните информации од Апенините говорат дека одлуката да не го продолжи договорот нема врска со цифрите во договорот, туку со лошите односи на менаџерот Раиола со „росонерите“.

Притоа, Донарума има на маса понуда од актуелниот европски шампион Реал Мадрид, која 18-годишниот голман едноставно не може да ја одбие.

Она што можеше да му ги поремети плановите на „кралскиот“ клуб беше „безобразната“ понуда која пристигна од Париз. Наводно раководството на ПСЖ на младиот голман му понудило бланко чек на кој би требало сам да ја напише сумата која сака да ја заработува. Меѓутоа, Донарума и агентот одлучиле да ја одбијат понудата бидејќи младиот голман го избрал Реал Мадрид.

Откако вчера беше објавено дека Донарума нема да остане во Милан, фановите го прогласија младиот голман за персона нон грата во Милано, а раководството нема намера да го продава и ќе го остави една година на трибини.