Брачен пар од Калифорнија јаде само три пати неделно – се хранеле со „космичка енергија“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Акахи Рикардо и неговата сопруга Камила Кастело, кои живеат на релација Калифорнија-Еквадор, се строги придржувачи на контроверзната диета Breatharian, која подразбира конзумирање на овошје и зеленчук три пати неделно.

Истакнуваат дека заборавиле какво е чувството на глад и веруваат дека луѓето можат да преживеат од енергијата која постои во вселената.

Камила ја практикувала контроверзната медитација за време на бременоста, а цврста храна каснала сè на сè само пет пати во текот на деветте месеци бременост со првото дете.

„Луѓето лесно можат да живеат без храна кога преку дишењето ќе се поврзат со енергијата која постои во сите нешта. Акахи и јас три дена не сме јаделе ништо, туку само кога сме биле не некои социјални настани и збиранки, а таму јадевме само овошје. Гладот за мене е непознато чувство, живеам од светлината. Така беше и за време на бременоста. Наодите на крвта ми беа одлични и родив сосема здраво дете“, вели Камила.

Истакнува дека се чувствува посреќно и поздраво откако почнала да ја практикува оваа „диета“, како и дека заштедата на парите кои не ги трошат на храна ја трошат на други нешта кои се нивна страст.

„Парите ги трошиме на патувања и истражувања. Ова ни помогна јасно да видиме што сакаме во животот. Секој може да живее ваков стил на живот и да ги почувствува бенефитите од Breatharian диетата. Таа не е диета во чии рамки никогаш и ништо не јадете, туку подразбира космичка храна и живот без ограничувања“, нагласува Камила.

Парот се запознале во 2005 година, а се венчале после три години. Патувале во Јужна Америка во 2008 година и го откриле овој стил на живот. Со години биле вегетаријанци, а потоа и вегани, за на крајот да се префрлат само на овошје. Во март минатата година го поминале процесот од 21 ден на диета Breatharian, за да се спремат за таков начин на живот. Првите седум дена не се јаде ништо, а следните седум дена се пијат само вода и цедени сокови.

„Јадев многу и кога не бев гладна, сè додека не го запознав овој начин на живот. Сега веќе никогаш не сум гладна“, вели Камила.

Иако јадат само три пати неделно, нивните деца јадат регуларно и им е дозволено да си пијат сокови, да јадат зеленчук и сладолед.

„Сакаме да ги пробаат сите вкусови и да имаат здрав однос кон храната кога ќе пораснат“, вели нивната мајка.

Нивните тврдења, секако, немаат научна поддршка, немаат основа во она кое го знаеме за човечкото тело како ни во она што го знаеме за вселената. Енергијата не е ништо друго освен способност за вршење работа, а од светлината живеат само растенијата. Но, тие си знаат.