Home Спорт ПСЖ ќе ја активира откупната клаузула на Гризман

ПСЖ ќе ја активира откупната клаузула на Гризман

Антоан Гризман минатото лето беше на чекор од Барселона, но на крајот се реши да остане во Атлетико Мадрид и го продолжи договорот со „јорганџиите“.

Сепак, Французинот најверојатно се покаа поради таквиот потег, па „ЕСПН“ тврди дека преку својот агент се понудил на неколку од европските најголеми клубови, меѓу кои и Барселона.

Меѓутоа, Барселона сега не планира да го ангажира играчот кој ги одби минатата сезона и ќе се насочи кон други трансфер цели.

Во меѓувреме еминентниот „Екип“ тврди дека целата ситуација внимателно ја следи ПСЖ кој сака да го доведе Гризман во своите редови.

Се поголеми се шпекулациите дека „светците“ на лето можат да останат без Нејмар или Мбапе, па во Гризман гледаат идеално засилување.

Гризман е отворен за трансфер во ПСЖ, иако Атлетико веројатно ќе бара Французите да платат 200 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Според францускиот весник „Екип“, до јуни откупната клаузула ќе биде „само“ 120 милиони евра, што воопшто нема да претставува проблем за Пари Сент Жермен.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…