ПСЖ и Реал спремаат спектакуларна трампа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесуваат шпанските медуми Реал Мадрид и ПСЖ спремаат спектакуларна размена на фудбалери следното лето.

Карим Бензема најверојатно на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид, а весникот „АС“ обајави дека Флорентино Перез имал состанок со сопственикот на ПСЖ Ал Келаифи и разговара за можна трама.

Имено, Бензема да премине во Париз, а Реал да го добие уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани.

Двајцата претседатели веќе со години одржуваат одлични односи, па медиумите тврдат дека ова трампа е возможна, а операцијата би требало да биде завршена на почетокот на преодниот рок.

Бензема не е во најдобра форма оваа сезона и е спремен да ја промени средината на крајот на сезоната, а Уругваецот оваа сезона блеска и е прв кандидат за „Златната копачка“.