Home Спорт Гризман му се спротистави на Симеоне: Немој да го вадиш најдобриот!

Гризман му се спротистави на Симеоне: Немој да го вадиш најдобриот!

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман синоќа блескаше против Баер Леверкузен во ЛШ, но камерите го уловија како влезе во конфликт со тренерот Диего Симеоне.

При резултат 2-3, Диего Симеоне во 71 минута реши од игра да го повлече Кевин Гамеиро и внесе играч од средниот ред за да го успори темпото и да ја осигура победата.

Сепак, ваквиот потег на стратегот не му се допадна на Антоан Гризман, кој се дрзна да му се меша во работата на тренерот.

Камерите го уловија Французинот како негодува и му се обраќа на Симеоне:

„Не, не, не. Не го вади него од игра. Тој е најдобар, тој е најдобар!“, му довикнуваше Гризман на Симеоне.

Чоло не само што не го послуша, туку му одржа добра лекција со тоа што го извади и него од игра седум минути подоцна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…