Психијатар со српско потекло ги издрогирал своите колеги поради невозвратена љубов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Mлад психијатар со српско потекло, своите колегите на психијатрија во еден автриски затвор ги почестил со торта во која ставил разни лекови, пренесе виенскиот магазин „Космо“.

Лекарите кои јаделе од тортата се пожалиле на мачнина, вртоглавица, а еден имал и температура.

-Десет медицински работници јаделе од тортата, а осум или девет потоа имале симптоми, четворица потешко. Најпрво помисливме дека се работи за корона вирус, но по неколку дена се посомневавме во тортата“, вели една лекарка на психијатриското одделение во затворот.

Лекарот кој изел најголемо парче од тортата е префрлен во болница во Виена, а во крвта нашле зголемена доза лекови „бензос“ и “труксел“, кои се користат во психијатријата. Меѓу дрогираните лекари биле и шефот на одделението во затворот, уште двајца лекари и други.

Полицијата го побарала младиот лекар во канцеларијата во четвртокот, но тој не дошол на работа, а го нашле во едно кафуле.

Тој е уапсен и префрлен во истражниот затвор, а за мотивот, медиумите шпекулираат дека е невозвратена љубов од колега. Наводно, нешто порано на истиот тој колега му ги дупнал гумите на авотмобилот и му го изгребал.

-Зошто донесол отровна торта не ни е јасно, бидејќи со тоа им наштети на луѓе кои немаат врска со случајот“, пренесува дневникот „Хојте“.

Инаку, младиот лекар, кој се специјализирал за психијатар, претходно сакал да биде хирург, но потоа специјализирал психијатрија и важел за надежен во психијатриските кругови.