Прво најавно видео за филмот за Фреди Меркјури – фановите гневни поради еден голем пропуст


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Првиот официјален „тизер“ за филмот посветен на животот на рок легендата Фреди Меркјури предизвика лавина од критики поради наводното негирање на хомосексуалната страна на починатата музичка ѕвезда, пишува Indy100.

Рами Малек, ѕвездата од серијата Mr. Robot, одлично се снајде во улогата на рок великанот, но геј заедницата забележа дека на најавното видео нема ништо за љубовните врски на Фреди со други мажи – иако филмот ја покрива темата за неговата сексуалност.

Но, уште поголем проблем обожавателите имаат со тоа дека (судејќи барем според тизерот) филмот кој се вика Bohemian Rhapsody, целосно ја изоставил приказната за неговото боледување од сида.

Иако таа негова здравствена состојба била откриена за јавноста еден ден откако пејачот почина, AIDS болеста сосема сигурно претставувала голем дел од неговиот живот, од чии последици на крајот и почина.

Николас Бејкер, менаџер за односи со јавност и комуникации во GMFA, задругата за здравје на геј мажи, ја истакна важноста на приказната за кризата на Фреди со сидата.

„Неговиот HIV статус не се споменува, како ни смртта од болеста поврзана со AIDS. Тоа е разочарувачки со оглед на тоа колку време и труд беше вложено во освестување кај луѓето за епидемијата во текот на годините кои следеа, пред ефективните методи за лечење на оваа болест да бидат достапни. Битно е да се раскаже таа приказна и се надеваме дека филмот нема да ја пропушти шансата да ја истакне и неа“, изјави Бејкер.

Иако оваа филмска драма не се промовира како фактички документарец, многу обожаватели на Меркјури, вклучително и истакнатиот борец во борба против HIV вирусот Том Хајес, веруваат дека таквиот пропуст во приказната прави лоша услуга за идните генерации.

„Иако никој не би требало да биде запаметен исклучиво поради неговиот HIV стаутс, изоставањето на таков важен дел од историјата, било за Фреди или за ЛГБТ+ и HIV заедницата, е неверојатно непочитување кон нив. Селективното прикажување само на оние делови од историјата кои се совпаѓаат со вашиот сензибилитет веќе не е историја, туку фикција“, заклучи Бејкер.

Останува да видиме што навистина ќе се прикаже во филмот кој во кино салите се очекува на крајот од оваа година.