Прво лудо изненадување на СП во Катар: Саудиска Арабија со лавовска игра ја победи Аргентина со 2:1 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Третиот мундијалски ден во Катар ни донесе и голема сензација. Аргентина падна на колена пред Саудиска Арабија.

Саудиска Арабија ја победи Аргентина со 1:2. Не изгледаше дека ќе видиме ваква сензација кога Меси ја доведе Аргентина во водство веднаш на стартот со гол од еден сомнителен пенал. Во продолжение од полувремето Аргентина напаѓаше и дури три гола им беа поништени поради офсајд позиција.

На полувреме се замина со 1:0 за „Гаучосите“, а тогаш на стартот во вториот дел следуваше шок како што веројанто никој не очекуваше. Ал Шехри по три минути игра во првиот дел изедначува на 1:1, а Ал Давсари четири минути подоцна со еден фантастичен погодок донесе пресврт за Саудијците.

Се обидуваа Аргентинците во продолжение, но не го пронајдоа патот до мрежата.