„ТЈ“ ни кажа: Аргентина е преценета!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не изгледаше дека ќе видиме ваква сензација кога Меси ја доведе Аргентина во водство веднаш на стартот со гол од еден сомнителен пенал. Во продолжение од полувремето Аргентина напаѓаше и дури три гола им беа поништени поради офсајд позиција.

На полувреме се замина со 1:0 за „Гаучосите“, а тогаш на стартот во вториот дел следуваше шок како што веројанто никој не очекуваше. Ал Шехри по три минути игра во првиот дел изедначува на 1:1, а Ал Давсари четири минути подоцна со еден еврогол носи пресврт за Саудијците.

Иако многумина ја прогнозираа Аргентина како главен фаворит, „ТЈ“ очекуваше дека Аргентина е преценета, а како најголема слабост ја истакна играта во одбраната и средниот ред. Денес Саудиска Арабија ги искористи тие слабости и славеше.

ЕВЕ ШТО ИМАШЕ ДА КАЖЕ „ТЈ“ ВО ВИДЕОТО ОБЈАВЕНО ПРЕТХОДНО:

На неговиот канал веќе има видео и за четвртиот ден од Мундијалот – слушнете што има да каже за Мароко, Германија, Хрватска…