Прв пат од 2007 година забележан пад на продажбата на паметни телефони во светот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За прв пат од 2007 година наваму дојде до пад на продажбата на „смартфони“ во светот, а причината за тоа е заситениот пазар, пред сè во Кина.

Истражувањата покажуваат дека продажбата на паметни телефони на светско ниво прв пат забележала пад во 2017 година, а почетните податоци за 2018 година укажуваат на тоа дека ќе дојде до дополнително намалување на истата.

Економските аналитичари тврдат дека овој пад е резултат на неколку фактори – недостатокот на иновации кои би ги заинтересирале потрошувачите, подолгото користење на телефоните, како и заситеноста на клучните светски пазари, како кинескиот.

„Пазарот го достигна својот врв – тоа е суштината“, тврди Боб О’Донел, економски аналитичар и консултант кој се занимава со пазарна анализа. Тој проценува дека не станува збор за крај на ерата на паметните телефони, туку само крај на растот на нивниот пазар. До презситеност дојде исто како и во случајот со таблетите и компјутерите пред неколку години.

Тоа не значи дека не станува збор за силен и конкурентен пазар, бидејќи истиот е огромен, но големите играчи на оваа пазарна сцена ќе мора да почнат да размислуваат поинаку, заклучуваат научните портали.

Продавачите на паметни телефони не смеат веќе да сметаат на брзорастечката продажба, туку мора да бидат иновативни во трката со конкуренцијата.

Samsung и понатаму е главен играч на пазарот за „смартфони“, но предноста на оваа јужнокорејска компанија пред американскиот Apple се намалува.

На трето место е кинескиот Huawei, а брз пораст забележува и неговиот државен конкурен Xiaomi, и покрај тоа што не е присутен на американскиот пазар.