Владина реконструкција: Дескоска на чело на правда, Адеми на Култура, Алаѓозовски во кабинет кај Заев


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реконструираниот владин кабинет изледа вака: Рената Дескоска, досегашната министерка за образование и наука, го презема кормилото во Министерството за правда. Додека нејзиниот кабинет му беше доделен на Арбр Адеми, кој со 67 гласа за и 25 против, пратениците го избраа за нов министер за образовенаие и наука.

Смени има и во Министерството за култура, по една година од министерскиот кабинет си заминува досегашниот Роберт Алаѓозовски и е назначен за национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во премиерскиот кабинет, а на негово место доаѓа новоизбраниот Асаф Адеми. Адеми кој доцна синоќа беше изгласан во Собранието е именуван на предлог на крилото на Беса на Африм Гаши. Во владината реконструкција, која се најавува како зајакнување на парламентарното мнозинство, влезе и Демократската парија на Албанците.

Бардул Даути од ДПА со 65 „за“, 26 „против“ и еден „воздржан“ стана новиот министер без ресор во Владата, а за неговиот избор меѓу 26-те гласа против се и гласовите на пратениците од Либерално-демократската партија, која е дел од коалицијата на СДСМ. Освен против влегувањето на ДПА во Владата, кое од ЛДП го оквалификуваа како вирус кој се внесува во здравиот владин организам, партијата беше против влегувањето во владејачкото мнозинство и на Сојузот на Ромите на Амди Бајрам.

Покрај промените во Министерството за образование, за култура и правда, промени има и во Министерството за надворешни работи, здравство, транспорт и врски и труд и социјална политика.

Во собранието вчера беа избрани и новите заменици-министри. Екс-градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски сега е новиот заменик министер во Министерството за надворешни работи. Во заменичката фотелја на Министерството за здравство седнува Асим Муса, додека во Министерството труд и социјална политика и Министерството за транспорт и врски, влегуваат Ѓонул Бајрактар и Садик Беќири, како заменици министри.