Јувентус го менува Игуаин со Левандовски


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски е трансфер цел на италијанскиот шампион Јувентус, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Весникот тврди дека токму Левандовски ќе биде привлечен на местото на Игуаин за кого се погласни се шпекулациите дека ќе го напушти Јувентус.

Информациите од Апенините велат дека Јувентус го ставил Игуаин на трансфер листа и се бараат купувачи за Аргентинецот. Од клубот се уште не излегоа со официјален став, но тврдат дека конечното решение ќе биде донесено после Мундијалот.

Некои медиуми тврдеа дека Мауро Икарди е главна цел на клубот за замена на Игуаин, но „Кориере дело Спорт“ пренесува дека најголема желба на раководството е токму Роберт Левандовски.

29-годишниот полски напаѓач јавно призна дека сака да го напушти Баерн Минхен и Јувентус би бил добра опција за него, а познато е дека двата клуба имаат исклучително добри односи.

Сепак, голем проблем за „бјанконерите“ би можела да биде платата на напаѓачот, кој моментално заработува 11 милиони евра по сезона.